Go to Home Page
За насКонтактирајте неКарта на местото
Барај  

EWON home english

Совети како да се однесувате со снабдувачот

Разговарајте за жалбата за електрична енергија, гас или вода прво со call centre :

  • Дознајте прво кој одговорил на вашиот повик и запишете ги нивните имиња и функции
  • Кажете им за вашиот проблем, прашајте ги дали може да ви помогнат и што планираат да превземат
  • Правете забалешки од разговорот, како и за времето и датумот на истиот
  • Ако после дискусијата проблемот не е разрешен, побарајте да зборувате со некој на повисока функција
  • Ако не можете да разговарате со некој на повисока функција во компанијата, јавете се на Energy & Water Ombudsman ( EWON ) за помош
  • Ако проблемот е комплициран и не е итен можеби е подобро да напишете писмо до лицето кое го води вашиот проблем.


Упатување

Кога се жалите преку телефон обично зборувате со службеник за помош на потрошувачите кој работи според одредени упатства. Често пати е тешко да се договорат работи кои се вон постоечките упатства за работа, или да се добие информација за специфичен проблем. Во ваков случај имате право да разговарате со службеник на повисока функција во компанијата.

Што треба да кажам?

Било да се обраќате на компанијата на писмено или зборувате преку телефон придржувајте се на следниве работи:

1.

Настојувајте да го објасните проблемот колку што е можно попрецизно. Не навлегувајте премногу во деталји, освен ако случајот е сложен.Ако се потребни деталји изнесувајте ги во следниот редослед:

  • датум и време на настаните
  • опис на настанот
  • деталји за телефонските разговори, писма и состаноци
  • објаснувања за кои сметате дека се важни.

2. Барајте да се дејствува:

  • ако работата е итна, кажете им и објаснете им зошто
  • предложете дејства кои треба да се превземат за да се реши проблемот
  • ако не може да се дејствува веднаш, побарајте потврда на писмено дека вашето писмо е добиено или телефонскиот разговор е извршен со деталји колку долго сметаат дека ќе потрае решавањето на проблемот
  • можете, исто така, да прашате за деталји за нивниот процес на решавање на поплаките.

3.Кажете им што ќе сторите ако проблемот не се реши

  • бидете црврсти, но учтиви
  • можеби треба да му поставите услов на службеникот дека ако жалбата не се реши случајот ќе го испратите до EWON или друга надлежна организација.

Други совети:

Водете евиденција

Чувајте копии од сите писма кои ги добивате или испраќате, како и сите други важни документи или забелешки. Можеби ќе треба подоцна да предочите повеќе информации така што тоа ќе ви помогне лесно да ги најдете и да ги подржите вашите барања.

Бидете упорни

Ако ништо не се случи, јавете се на компанијата и прашајте како напредува решавањето на жалбата. Ставете им до знаење дека проблемот нема да исчезне самиот од себе ако не се реши.

Што ако работите не се одвиваат како што треба?

Ако проблемот не се реши, или ако не се решава во разумно време можете да се јавите на EWON .

 

 


 

FeedbackPrinter friendly
ГасВодаЕлектрична енергија
Realated Links Heading