Go to Home Page
За насКонтактирајте неКарта на местото
Барај  

EWON home english

Како EWON се однесува со жалбите

Energy & Water Ombudsman NSW ( EWON ) е определен кон ефикасно и независно решавање на споровите во врска со електричната енергија, гасот и водата. EWON настојува да постапува со жалбите на начин кој е праведен и на време.

Кога EWON добива жалби од потрошувачите, ние ќе:

  • ве поврземе со вашиот снабдувач на елекртична енергија, гас или вода за да се обидете да го решите проблемот директно со нив ако веќе не сте се обиделе. Ако ви треба совет како да се однесувате со вашиот снабдувач, погледнете под совети како да се однесувате со вашиот снабдувач.
  • ве посоветуваме да го поставите проблемот пред вашиот снабдувач за да му овозможите да го разреши проблемот пред истиот да се испрати на EWON . Ова ќе се случи само со ваше одобрение и за одредени проблеми кои не поминале низ системот за решавање на жалби на вашиот снабдувач
  • ја испитаме вашата жалба
  • се обидеме да постигнеме решение помеѓу вас и вашиот снабдувач.

Ако не сме во состојба да ви помогнеме, ќе бараме организација која ќе може. За повеќе информации за тоа кои видови на жалби ние ги разгледуваме појдете на за што можете да се жалите.

Испитување

Повеќето работи се завршуваат од страна на EWON за неколку дена. Ако не се разрешат за неколку дена ќе биде назначен службеник кој ќе ја испитува вашата жалба.

Ние ќе продолжиме да испитуваме се додека е потребно, или пак додека се реши жалбата.


Како EWON ги извршува испитувањата?

Ние бараме информации од снабдувачот (на пр. податоци за сметката или документи за жалбата)

Ние можеби ќе побараме повеќе информации од вас (не пр. копии од сметките, писма или потврди)

Ние можеби ќе побараме совет од независен стручњак (на пр. инженер, правник или loss adjuster )

На крајот, ако проблемот не е решен, Ombudsman може да донесе решение да се реши проблемот. Вие ќе решите дали ќе го прифатите решението или не. Ако го прифатите, снабдувачот е обврзан да го почитува истото.

Не сте задоволни?

Ако не сте задоволни како напредува решавањето на жалбата, може да барате случајот да го води службеник на повисока функција. Можете да барате и резултатот од испитувањето да биде разгледан од повисок службеник во EWON . И во двата случаја поднесете го вашето барање на писмено и испратете го директно до Energy & Water Ombudsman (деталји за контакт) . Ќе треба да ја наведете причината зошто го оспорувате решението на EWON или да обезбедите додатни информации ако ние треба да го преиспитаме вашиот случај.

Повеќе информации ќе најдете на Совети како да се жалите до EWON.

 


 

FeedbackPrinter friendly
ГасВодаЕлектрична енергија
Realated Links Heading